вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Почина 37 годишен маж откако со трактор излетал од пат

Почина 37 годишен маж откако со трактор излетал од пат
ИЛУСТРАЦИЈА

На 27.10.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на локалниот пат кон с.Крњево, при вкрстувањето со локален пат за с.Барово, кавадаречко, трактор марка „ИМТ 533“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Кавадарци, излетал од коловозот.

Г.Н. починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.