На 20.09.2022 во 23.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово бил донесен починат Н.Р.(81) од Куманово.
Според пријавеното, истиот ден околу 12.00 часот тој излегол од домот, а потоа бил пронајден од членови на семејството во безсознание во објект во изградба на ул.„Пробиштипска“, по што бил однесен во болницата каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен.