На 05.05.2023 во 06:40 часот во СВР Велес, од Железници на Република Македонија било пријавено дека во близина на Градско, возот кој сообраќа на релација Гевгелија-Скопје, удрил во Ф.С.(62) од Градско.
Од здобиените повреди Ф.С. починал, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увидна екипа од СВР Велес извршила увид на местото во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.