На 16.10.2023 во 15:45 часот во СВР Скопје, од ЈЗУ – Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина Скопје било пријавено дека кај нив починал М.Г.(55) од Скопје, осуденик кој издржувал 15 – годишна затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба во 12:00 часот од затворот бил пренесен во заводот, каде што во 13:35 часот починал.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.