четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Починат маж пронајден кај автобуската во скопско Љубанци- еве ги деталите

Починат маж пронајден кај автобуската во скопско Љубанци- еве ги деталите

Во СВР Скопје, вчера во 18.26 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека кај автобуската во с.Љубанци, скопско, бил пронајден починат А.П.(73) од с.Љубанци, кој, спореде пријавеното, паднал во шахта.

Од извршениот увид било утврдено дека А.П., додека ја чистел јамата од семејната куќа, паднал во неа и починал.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.