На 09.06.2022 во 01.45 часот било пријавено дека на Граничен премин Богородица, во меѓупросторот на коловозната лента било забележано лице – мигрант без знаци на живот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.