Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и италијанско државјанство за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетата, на 17 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје се обидела да ја напушти државата, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.
При проверка од службениците на аеродромот било утврдено дека станува збор за лажна исправа, која обвинетата ја прикажала како вистинска.