петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поднесени предлози против 11 лица од Скопје за непочитување на полициски час

Поднесени предлози против 11 лица од Скопје за непочитување на полициски час
фотоилустарција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 11 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, за време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие се движеле на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите лица предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​