Еден припадник на полицијата е уапсен попладнево откако при полициска акција кај него било пронајдено одредена количина забранети супстанции.
Акцијата е спроведена од страна на тетовската полиција, а според извори на АЛСАТМ, при контролата полицаецот се обидел да избега, но набрзо бил фатен и претресен, по што се утврдило дека поседува наркотици.
Иницијалите на приведениот полицаец сѐ уште не се откриваат. Како што дознава алсат, операцијата е во тек и во неа засега е уапсен уште еден осомничен.