вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицајци од Пробиштип пронашле 29- годишник во безсознание и со повреди по телото

Полицајци од Пробиштип пронашле 29- годишник во безсознание и со повреди по телото

На 19.06.2022 во 01.40 часот на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип во безсознание и со повреди по телото го пронашле С.Т.(29) од с.Стрмош, пробиштипско.

Лицето било пренесено во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош, а по преземени мерки било утврдено дека се здобил со повредите при физичка пресметка со А.М.(37) од с.Злетово, пробиштипско, со кого бил извршен службен разговор.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.