Вчера околу 18 часот во Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ извршиле контрола во две такси возила „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувани од Д.К. и И.М., двајцата од Скопје, како и во еден објект во Гевгелија, при што пронашле девет лица од Куба кои илегално влегле на територијата на Република Македонија.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.