На 02.01.2023 во 00:15 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(57) од Скопје затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.