На 18.08.2021 во 11.37 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при преглед во затвореното одделение во затворот било пронајдено едно пакување со прашкаста материја.
Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид, а прашкастата материја била подигната за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.