четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата одзема огревни дрва без соодветна документација

Полицијата одзема огревни дрва без соодветна документација
илустрација

На 06.09.2022 во 19.35 часот полициски службеници од СВР Штип, по преземени мерки со шумска полиција, на имот сопственост на С.П. во Штип пронашле и одзеле огревни дрва без соодветна документација.

Дрвата биле предадени на Јавното претпријатие Серта-Штип, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава..

На 06.09.2022 во атар на с.Кривени, ресенско, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен затекнале трактор „имт”, сопственост на Г.Б.(41) од с.Болно, ресенско, натоварен со бесправно исечено огревно дабово дрво. Тракторот и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција.

По документирање на случајот против Г.Б. ќе следува соодветна пријава.