Во рамки на оперативната акција „Рефлекс“, полициски службеници од повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спречија влез на 252 лица-мигранти долж граничната линија со Грција, Бугарија и Србија и внатре, на територија на Република Македонија.
Во денешното соопштение од МВР се потсетува и на вчерашниот ден кога беше сузбиена 12-члена организирана криминална група за криумчарење мигранти.
МВР, се подвлекува, и во наредниот период продолжува со мерки и активности за спречување на илегален влез на териоторијата на Република Македонија.