петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата трага по две малолетнички од Скопје

Полицијата трага по две малолетнички од Скопје

Во неделата во 09.00 часот во Полициската станица Карпош, воспитувачка во Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение пријавила дека малолетните М.С. (15) и М.С. (17), двете од Скопје, самоволно ја напуштиле организационата единица Влае.

Тие и претходно неколку пати ја напуштале установата и биле враќани назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.