петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата упаднала во дом на скопјанец кој бил во куќен притвор – по она што го пронашле таму, веднаш го префрлиле во истражниот затвор

Полицијата упаднала во дом на скопјанец кој бил во куќен притвор – по она што го пронашле таму, веднаш го префрлиле во истражниот затвор

Во скопската населба Карпош полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје денеска запленија синтетичка дрога амфетамин и марихуана.

-Врз основа на судска наредба извршен е претрес во дом на Д.Б. (38), кој издржувал мерка куќен притвор, и при тоа е пронајдена синтетичка дрога амфетамин и марихуана. Д.Б. е приведен во ПС Карпош, а по насока од јавен обвинител и судија од Основен кривичен суд е спроведен во Истражен затвор Скопје, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од КЗ и за новото кривично дело, соопшти Министерството за внатрешни работи.