-Откриени се и 46 останати прекршоци. Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената сроведена е акциска контрола вчера од 6 до 22 часот, при што констатирано е дека триесет и двајца возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 32 мандатни платни налози. Исто така, констатирани се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози, соопшти МВР.