сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата за 5 часа казни 61 возач кои не давале првенство на поминување

Полицијата за 5 часа казни 61 возач кои не давале првенство на поминување

Во текот на вчерашниот ден (18.10.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 61 возач. Од нив, 16 на територијата на СВР Тетово, 14 на територија на СВР Битола…При контролата санкционирани се и 153 други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.