среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата запре „Јагуар“, возачот заврши со лисици на рацете

Полицијата запре „Јагуар“, возачот заврши со лисици на рацете

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец Г.Д., информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Настанот се случич околу 7 часот и 40 минути, на улица „Панче Поповски“ во Гостивар откако при негов и преглед на возило „јагуар“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, му бил пронајден кокаин.

По расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 215 од Кривичниот законик.