четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицаец нападнат во Куманово

Полицаец нападнат во Куманово

На 16.08.2023 во 03:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(30) од Куманово.

Тој бил затекнат во круг на јавно претпријатие на улицата „Фетка Наскова“ во Куманово при обид да одземе предмети, а при приведувањето физички нападнал полициски службеник.

Д.Р бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.