петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицајци мереле колку е гласна музиката, проблем за два угостителски објекти

Полицајци мереле колку е гласна музиката, проблем за два угостителски објекти

На 08.07.2023 околу 00:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово, при акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Тетово, по извршено мерење со уред „фонометар“ во два угостителски објекти е констатирано нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика, повеќе од законски дозволените граници.

Против лицата кои стопанисуваат со угостителските објекти се поднесени соодветни поднесоци.