среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полиција казнуваше на влезот во Арачиново – еве какви прекршоци се санкционирани

Полиција казнуваше на влезот во Арачиново – еве какви прекршоци се санкционирани

Вчеравечер (07.07.2023) во периодот од 21.30 до 22.30 часот на влезот пред скопско Арачиново, од полициски службеници на МВР, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, извршена е акциска контрола на лица кои управуваат возила, во однос на почитување на прописите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

За време на контролата биле констатирани сообраќајни прекршоци, од кои најмногу за управување возило без возачка дозвола и за непочитување на прописите кои важат за возач-почетник, непоседување на соодветна документација за возилото и неносење на заштитен појас, и сите се соодветно санкционирани.

-Акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, како и зголемување на безбедноста во заедницата, велат од МВР.