петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Попладнево приведено лице барано по потерница

Попладнево приведено лице барано по потерница

Денеска(06.10.2022) во 16.00 часот во с.Банско, на локален пат за с.Свидовица, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(53) од Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 18 месеци за сторено кривично дело “кражба” по член 235  од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.