сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поради коментари на Фејсбук си заработија кривични- еве ги деталите

Поради коментари на Фејсбук си заработија кривични- еве ги деталите

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Г.(46) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 05.07.2022 на социјалната мрежа Фејсбук, на објава од портал, пријавениот поставил коментирал со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против В.В.(45) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 18.04.2022, на социјалната мрежа Фејсбук, на објава од друго лице, пријавениот објавил коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.