На 28.10.2021 во ОВР Кочани било пријавено дека Д.С.(53) од Кочани на повеќе лица им дал по 1500 денари за тие да гласаат во вториот круг на локалните избори за кандидат за градоначалник.
Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се разговори со повеќе лица и денеска (29.10.2021) во ОВР Кочани Д.С. е повикан на информативен разговор.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното ОЈО Кочани.