Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.С. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 15.03.2022 на Граничен премин Табановце, при влез во државата, пријавениот потпишал изјава за самоизолација.
Подоцна, истиот ден, при контрола од страна на полициски службеници тој не бил пронајден во домот.