четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поведена постапка против четири лица од Гостивар, не постапиле според здравствените прописи​

Поведена постапка против четири лица од Гостивар, не постапиле според здравствените прописи​

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и од Судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.

Обвинетите не ја почитувале забраната за движење на населението од 22:00 часот навечер до 5:00 часот наутро, односно не го почитувале полицискиот час .