петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поведена постапка против две лица од Радовиш поради сомнение дека фалсификувале ПЦР тестови

Поведена постапка против две лица од Радовиш поради сомнение дека фалсификувале ПЦР тестови

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

На 29 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, тие употребиле како вистинска лажна исправа – сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Медицинските сертификати за кои знаеле дека не се оригинални и не се издадени од наведената лабораторија ги презентирале при пасошката контрола, при обидот да ја напуштат државата.

Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. ​​