На 08.05.2022 во 18.50 часот на Грaдскиот стадион во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.И. (25) од с.Пршовце, тетовско, а службен разговор ќе биде извршен и со Д.А. од с.Шемшово, тетовско, поради недолично однесување на спортски натпревар, односно недозволено влегување во натпреварувачки простор за време на одржување на фудбалски натпревар.
Според пријавеното, за време на натпреварот биле регистрирани прекршувања на правилата за навивање со палење на пиротехнички материјали и фрлање предмети, при што бил повреден еден играч кому му била укажана лекарска помош во приватна медицинска установа во Тетово.
По целосно документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.