На 04.03.2019 околу 10:30 часот во СВР Скопје, од болницата „Систина“, било пријавено дека кај нив бил донесен повреден П.Р.(60) од с. Волково, скопско.
Според пријавата, тој се здобил со повреда додека работел во кругот на Скопски саем.
По укажаната лекарска помош тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Увид бил извршен, а за настанот бил известен трудов инспектор.