На 06.08.2022 во 14:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен Ј.П.(56) од с.Петровец, скопско.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.