петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повреден рудар во Пробиштип

Повреден рудар во Пробиштип

На 26.12.2022 во 11:38 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен А.Б.(45) од с.Бучиште, пробиштипско.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Пробиштип и се работи на расчистување на случајот.