понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредена жена откако експлодирала плинска боца во нејзиниот дом

Повредена жена откако експлодирала плинска боца во нејзиниот дом

На 09.06.2021 околу 12.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во дом на ул.„Плавица“ во Пробиштип, сопственост на Ј.Ј.(61) и С.Ј. од Пробиштип, експлодирала плинска боца.

Притоа, со повреди се здобила Ј.Ј. и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.