Девет лица се полесно повредени во 12 сообраќајни несреќи кои се случиле во текот на вчерашниот ден на територија на СВР Скопје.
-Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, информираат од СВР Скопје.
Исто така, исклучени од сообраќај биле 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози.