четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредено малолетно момче од Гостивар, врз глава му паднале шипки од објект во изградба

Повредено малолетно момче од Гостивар, врз глава му паднале шипки од објект во изградба

Шестнаесетгодишник од Гостивар вчера бил повреден откако врз него паднале метални предмети (арматурни шипки). Тој поминувал покрај објектот, кој бил во градба.

Како што информира МВР, случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово. Според пријавата, од објект во изградба на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, сопственост на 65-годишниот Х.А. од гостиварски Вруток, паднале метални предмети (арматурни шипки) и го повредиле малолетникот.

Извршен е увид, во кој покрај екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар учествувале и повеќе инспекциски служби. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.