Автомобил се запали попладнево во центарот на Скопје, во близина на зградата на Црвен Крст, на бул.„Кочо Рацин“.
Очевидци велат дека густ чад излегувал од хаубата на возилото со гостиварски регистерски таблички, пренесе Република.
Според првичните инфромации, никој не е повреден.
На само стотина метри од овој пожар пред неколку дена експлодираше автомобил во движење. Тогаш целосно изгоре „опел“, кој се запалил во движење, а за среќа возачот не бил повреден.