понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во локомотива, нема повредени лица

Пожар во локомотива, нема повредени лица

На 03.08.2022 околу 08:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Миладиновци настанал пожар во локомотива која влечела композиција од два вагона, а сообраќала на релација Табановце – Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени патници и персонал нема.

Увид бил извршен.