Двајца прилепчани го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа која се случила ноќта неделата кон понеделникот, 20-тина минути после полноќ на преминот Плетвар, кај селото Тројаци.
До несреќата, во која животот го загубија 37 годишниот О.И и 56 годишниот Р.М., дошло кога од засега непознати причини возилото „Опел Астра“ со прилепски регистарски таблички, управувано од О.И., излетало од патот пробивајќи ја заштитната ограда на мостот и паднала во провалија длабока 50-тина метри.
Увид на лице место извршиле припадници на ПС Прилеп и Јавното обвинителество, а поради непристапниот терен за извлекување на телата била повикана и противпожарната екипа која скоро 5 часа се обидувала да ги извлече загинатите од провалијата.