четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Позитивен на коронавирус шетал низ тетовско, ќе одговара за „пренесување заразна болест“

Позитивен на коронавирус шетал низ тетовско, ќе одговара за „пренесување заразна болест“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(20) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“.

На 27.08.2021 полициски службеници од СВР Тетово, при вршење на редовна контрола за проверка на лица во однос на почитување на ковид мерките, констатирале дека пријавениот не бил во својот дом, со што не го почитувал решението за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.