Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Скопје Сити Мол.
МВР соопшти дека се приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку, попладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба.