На 04.05.2021 околу 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Г.(57) од с.Вељуса, струмичко, затоа што со остар предмет го нападнал Н.К.(70) од истото село.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Драмата траеше повеќе часови во Вељуса. Како што велат очевидци за Струмица Денес, Д.Г се предал откако биле употребени димни бомби. Тој бил вооружен во моментот на целата драма.