Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и Г.М.(48) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“.
Во периодот од март до октомври 2022, Љ.С. и Т.Ч., вработени во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ во Берово, му овозможиле на Г.М. да изврши бесправна сеча, дотур и превоз на дрвна маса, при што предизвикале штета на шума од 3.813.600 денари.