сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазен пешак во Гостивар- итно пренесен во болница

Прегазен пешак во Гостивар- итно пренесен во болница

Пешак е тешко повреден откако на него налетал автомобил на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар.

СВР Тетово информира дека несреќата се случила во 14 часот кога на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „сеат ибица“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот Н.М. од гостиварска Долна Бањица, удрило во пешак.

Се работи за 55-годишниот Р.С.од Гостивар кој веднаш бил пренсен во болница.

Увид на местото на несреќата врши екипа од Полициската станица Гостивар.