вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес на „БМВ“: Возачот одбивал да го отвори возилото, а во присуство на сопственичката било пронајдено ова

Претрес на „БМВ“: Возачот одбивал да го отвори возилото, а во присуство на сопственичката било пронајдено ова
фото илустрација

На 06.06.2023 во 16.50 часот во кругот на Полициската станица Тетово, со судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес на патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, кое на 02.06.2023 од улица „Видое Смилевски Бато“ било донесено со пајак служба при постапување по акциска контрола, а возачот на возилото Г.Г.(32) од гостиварско Чегране бил приведен поради издржување на затворска казна, но одбивал да го отвори возилото за да се изврши претрес.

При претресот, во присуство на сопственичката Б.Ш.(29) од гостиварска Долна Бањица, во багажот биле пронајдени марихуана, предмет со остатоци од кокаин и други предмети.

Пронајденото било одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.