На 26.10.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А. Д.(26) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, пиштоли и куршуми.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.