четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во дом во Арачиново: Пронајдена автоматска пушка, приведено едно лице

Претрес во дом во Арачиново: Пронајдена автоматска пушка, приведено едно лице

Денеска (09.09.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, извршија претрес во дом на Ш.О. (26) од Арачиново.

При претресот е пронајдена автоматска пушка МП 40, една рамка за пушката и 16 куршуми. Ш.О. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.