четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Ѓорче Петров- пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во Ѓорче Петров- пронајдена дрога, приведен дилер

Денеска (28.07.2023) во 06.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(41) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дигитални ваги.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.