вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во „Идризово“: Moбилни телефони пронајдени во ќелиите на осудените во „Диво насеље“

Претрес во „Идризово“: Moбилни телефони пронајдени во ќелиите на осудените во „Диво насеље“

При претрес изутрината во 5 часот во затворот во Идризово во ќелиите на осудените од „Диво насеље” се пронајдени мобилни и други недозволени средства.

Од Управата за извршување на санкции за МИА информираа дека по наредба на судот, со асистенција на полицијата утрово во КПД Идризово е извршен претрес во неколку ќелии, при што се откриени и одземени повеќе предмети кои се предадени на вештачење.

Акцијата поминала во најдобар ред и без инциденти.