На 30.01.2022 околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.Н.(34) од Кавадарци.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја, информира МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.